Велат сега во преговорите да сме се согласеле да има официјален јазик на Република Македонија, како е тоа можно. Тука јазикот е македонски јазик. Ова се случува зошто државата потфрли, потфрли дипломатијата, рече Елка Јачева Улчар од Институтот за македонски јазик на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.
Ние, вели Улчар, отсекогаш ги знаеме и грчките и бугарските аспирации и доадава дека никој од надлежните во земјава не направил ништо.
И додека во Грција и Бугарија си направија цели тимови на лингвисти, историчари, дипломати, ние ништо не направивме. Ниту еден лингвист не беше консултиран, да прашаа ќе кажевме. Никој од надлежните во државата не праша никого, не не прашаа нас јазичарите. Се се прави политички – вели Улчар.
Според неа апетитете на Бугарија се засилија кога се потпиша Преспанскиот договор.
Апетитие на Бугарија се засилија кога се потпиша Преспанскиот договор затоа што со Преспанскиот беше променето името. Ние со Преспанскиот договор се откажавме од нашето малцинство – кажа Улчар.
Улчар укажа дека и говорот кај нас е во најмала рака чуден.
Цело време кај нас се говори за некакви компромиси, за некои работи едноставно нема компромиси – вели Улчар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.