Наталитетот во Македонија во последните 5 години бележи пад, но во последната година 2020 година тој пад е загрижувачки и е за околу 4.500 новородени помалку во споредба со последната 2019 година.

Овие се податоците за последните 5 години според Државниот завод за стстистика на Република Македонија:

 

2016 гдина – 23.002
2017 година – 21.754
2018 година – 21.333
2019 година – 19.845
2020 година – 15.450 (без декември)

Ваквиот катастрофален пад во последната година некои социолози го поврзуваат со кризата предизвикана од коронавирусот но овие тврдења не може да се сметаат за точни поради фактот дека првиот случај на КОВИД-19 во Македонија беше регистриран на 26 февруари а ова значи дека новороденчињата кои требале да се родат во текот на 2020 веќе биле на пат.

Инаку, тоа што наталитетот во последните години е во постојан пад може да се поврзе и со сиромаштијата која владее во Македонија и фактот дека половина милион граѓани денот го поминуваат со 130 денари дневно и не можат да ги исполнат основните потреби на семејството, нешто што ги прави по тешко да се одлучуваат на планирање брак и дете.

Друга причина што исто така влијаела врз падот на наталитетот во последните години е тоа што по самото доаѓање на власт, СДСМ го укина додатокот за трето дете со образложение дека мерката не давала резултати и ова директно ги загрози особено семејствата кои имаат помали примања.

Со оваа демографска мерка мајката добиваше 8.048 денари додаток за трето дете во период од 10 години. Со оваа мерка до сега секоја родилка за трето новороденче во период од 10 години добиваше финансиски надоместок од околу 960.000 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.