Учебната година започна под посебни здравствени протоколи, меѓу кои и задолжителното проветрување на училишните простории. Иако родителите реагираа дека нашиот образовен систем е далеку од европскиот и дека нема услови за вентилација, ова денес се покажа и во реалност, всушност многу пострашно.
Мајка сподели фотографија од училиница во основно училиште во една од најурбаните скопски општини.
ООУ Ѓорѓија Пулевски нас.Аеродром. Ова е училницата на ќерка ми и нејзините другарчиња од VI2. Не,не..не на приземје. Листовите ги гледате? Плеховите под нив? Е па под плеховите е училницата. Во подрум, без дневна светлина и проветрување, зошто единствен прозор е триаголничето од страна. Шта речи а не заплакати, напиша мајката споделувајќи фотографија од училиницата на ќерка си.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.