По промената на имињата на училиштата во Чаир кои од „Рајко Жинзифов“ и „Никола Вапцаров“, беа сменети со имињата „Исмаили Ќемали Беј Влора“ и Имер Елези, јавноста не престанува со коментари и негодување..

Понижувајќи го Вапцаров било кој човек кој си го сака својот народ се понижува само себеси, својата душа. Изградете поголеми и поубави училишта за кои ќе си одберете други имиња кои сметате дека ќе им прилегаат! Ниту сте вие доволно големи да го воздигнете Исмаил Ќемали, понижувајќи го Вапцаров, ниту пак таков човек од таа величина како Вапцаров или Ќемали би сакал да го избрише името на другиот за да го запише своето!
Кога ќе изградите нови школи, нови болници, нови студентски домови може ќе им бидете барем трошка достојни да им ги спомнувате имињата и на едниот и на другиот несомнено големи синови на својот народ, ама ниту тогаш нема да имате право да избришете име ни на еден ни на друг! -ова е еден многубројните коментари и реакции на социјалните мрежи.

 

Имињата на училиштата во Скопје и во минатото имаше обид да се сменат во општина Чаир. Имено, во 2012 година бевме сведоци на препукувањата помеѓу тогашниот министер за локална самоуправа, Невзат Бејта, и директорот на државниот инспекторат за локална самоуправа, Ванчо Шехтански, околу промената на имињата на четири училишта во скопски Чаир: „Цветан Димов“, „Рајко Жинзифов“, „Јане Сандански“ и „Никола Вапцаров“ беа сменети во Исмаил Ќемали, Хасан Приштина, Јашар Бег и Имри Елези. Но, државниот инспекторат за локална самоуправа со решение ја поништи таа одлука оценувајќи дека тоа било сторено незаконски и ги врати старите имиња. Општината, пак, таквиот потег на инспекторатот го обжали пред Министерството за локална самоуправа, кое пресече во полза на општината.

Шехтански тврдеше дека одлуката на министерот Бејта била беспредметна и незаконска и дека во сила остануваат старите имиња на македонските дејци и револуционери.

Овојпат сменети се имињата само на две училишта: „Рајко Жинзифов“ и „Никола Вапцаров“ се преименувани во „Имри Елези“ и Исмаил Ќемали.

Исмаил Ќемали Беј Влора бил истакнал албански политичар и дипломат. Исмаил Ќемали е една од најзначајните фигури во времето на независноста на Албанија. Ќемали се смета за основач на современа Албанија, бидејќи тој е првиот претседател, премиер и министер за надворешни работи на земјата и одиграл важна улога во прогласувањето на независноста на Албанија на 28 ноември 1912 година. По државниот удар, кој на 22 јануари 1914 година го извел Есад Паша Топтани, живеел во егзил. Умрел во Перуџа од срцев удар.

 

Второто име кое ќе го носи училиштето во Чаир е Имир Елези. Единствен податок за него во јавноста е една статија на албански јазик каде тој е опишан како „синоним на битката во Матејче каде што се бореше гради во гради со славо-македонските сили и херојски загина во една акција и стана народен херој.”

Имир Елези е член на терористичката група УКЧ која во 2001 водеше битки со македонската полиција и војска. Борец во славната битка на Кошаре 1999 година, борец во областа Карадак 2001 година. Во текот на 80-тите години, Енвер Елези братот на Имриу, беше убиен со рафално пукање од калашникови за време на тогашната воена служба на ЈНА.

Името Имри Елези е синоним за битката кај Матејче, каде јуначки се бореше со славо-македонските сили каде што исто така беше мачен за време на една акција.

Денес, со ова име се фали Дизон, се фали Чаир, Скопје и целата нација. Паднат херој за нацијата – Комесар ИМРИ ЕЛЕЗИ, стои во статијата.

Имри Елези е припадник на поранешна ОНА, кој во 2001 година бил убиен во престрелка со македонските безбедносни сили. По неговата смрт, во рамките на ОНА беше формирана посебна единица, која го носеше неговото име, а во која според информациите на полицијата членувале муџахедини од странски држави што војувале на страната на ОНА.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.