Училишниот распуст нема да почне порано, тоа барање е неаргументирано, изјави денеска на прес-конференција министерката за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на новинарски прашња.

На прашањето дали ќе се разгледа опцијата, распустот за учениците да започне порано односно на 15 декември, Царовска рече дека засега нема ширење на вирусот во училиштата, со што овој предлог е неаргументиран. Во моментов, како што рече таа, заразени со ковид-19 се 79 ученици, што е помалку од 0,06 отсто од вкупниот број ученици и 148 наставници, односно помалку од 1 отсто од вкупниот број на наставници.

Денеска Царовска го презентираше буџетот за 2021 година предвиден за Министерството за образование и наука кој изнесува 31 милијарди и 100 милиони денари, што претставува зголемување за 1,1 милијарда во споредба со минатата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.