Учењето од далечиња во градовите Гостивар и Тетово ќе остане пракса до 20-ти сепмтеври, поради влошената епидемиолошка состојба, дознава „Сител“ од владини извори.

Според нивните информации, Владата одлучила учениците да ја следат наставата од дома до 20-ти сепмтември.

Инаку оваа точка се најде на дневниот ред на Владината седница, а одлуката, како што претходно известија надлежните, ќе се базирала врз основа на епидемиолошката ситуација во градовите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.