Голема група на граѓани утринава се собра пред средното училиште „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје.
Ученици заедно со родителите денеска протестираа пред влезот училиштето барајќи уште една паралелка за медицински сестри на албански јазик, а не тестирање.
За отсекот медицински сестри на албански јазик се пријавиле 160 ученици, а треба да се примат 102, распоредени во 3 паралелки.
И покрај препораките од Владата, сепак, се гледа дека има групирања, а поголемиот дел од собраните носат заштитна опрема, иако добар дел од нив и не носат маски.
Извор: ТВ21
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.