Модернизација во образованието или напад на традиционалните вредности? Преку низа нови содржини во учебниците по социологија, средношколците ќе се запознаваат со улогата на бракот во општеството, родовите, како и ЛГБТ движењата.
Според дефиницијата во учебникот за втора година, “Семејството е логичка последица на бракот, а бракот е општествено признаен однос помеѓу двајца возрасни, најчесто помеѓу еден маж и една жена”.
Дефиницијата е во спротивност со Законот за семејство во Македонија, каде што бракот е опишан исклучиво како “Уредена заедница на живот на маж и жена во која се остваруваат, интересите на брачните другари, семејството и општеството…”, но од Министерството за образование велат дека промените во учебниците имаат цел модернизација на националниот образовен систем.
Велат дека ревизијата се прави по пристигнати забелешки, првенствено од Народниот правобранител, но и од страна на јавноста.
Стереотипите и дискриминаторските содржини во учебниците негативно влијаат на развојот на младите луѓе и создаваат општество коешто ќе биде дискриминаторско. Тоа мора да се промени и учениците да се фокусираат на едукација за прифаќање на различностите, за стекнување на знаења во врска со родовата еднаквост, толеранцијата, мултикултурализмот и слично, велат од МОН.
Од невладиниот сектор кој се занимава со дикриминацијата во општеството ги поздравуваат промените, но велат, долг е патот кон вистинска реформа.
Според Дрндаревска, сеопфатно решение за антидискриминаторно општество може да има само со нов Закон за средно образование и преку модерни методи за настава.
извор Сител
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.