Двајца припадници на црногорскиот шкаљарски клан, Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ, кои во јануари минатата година беа изрешетени во Атина, биле дел од групата од 214 странци кои добиле фалсификувани македонски пасоши во аферата „Мафија“ (случај „Двојник“), открива „Код“.

Иако обвинети за повеќе убиства, трговија со луѓе и дрога, двајцата си купиле македонски пасоши, едниот во декември 2017, вториот летото 2018 година. Со лажните идентитети ја поминале грчката граница, а во Атина беа убиени во ресторан пред своите жени и деца.

Најголемата контроверза во истрагата за „Двојник“, пренесува „Телма“ е што во еден докажан случај, во управните служби бил издаден пасош на маж, иако податоците покажуваат дека зад тоа име стои жена од Албанија со македонско државјанство.

Во вадењето на пасошот се вклучени тројцата првообвинети кои веќе признаа вина. Жената се вика Ѓорѓие Коруни и најверојатно на криминалците од пасошко им личело дека станува збор за машки идентитет. Поради тоа второобвинетиот Фарук Буќи без никаква пријава на 13-ти април 2018-та, сликал маж, својот клиент, контролорката Оливера Софрониевска го одобрила 4 дена подоцна насабајле, а машкиот пасош со женски идентитет го подигнал првообвинетиот Дениз Барути кој тогаш воопшто не бил на соодветното ртаботно место туку бил распореден како курир.

Интересно е што тројцата долгогодишни вработени во управните служби си тргнале по логиката дека 10-тата цифра во секој матичен број го определува полот, нулата е за мажи, а 5-ката за жени. Станувало збор за машки матичен број што значи дека грешката е напрвена уште кога на државјанката Ѓорѓие Коруни и е издаван матичниот број е направена грешка што пак во превод значи дека тој службеник во матично не ја видел туку работел по логика и по нејзиното име.

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.