„Beautiful Albania“ пишува албанскиот премиер Еди Рама на фотографија од македонскиот кањон Лешница, кој се наоѓа на Шар Планина.
Во коментарите под фотографијата се тагирани македонската влада, претстедателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, но досега никој од нив не реагирал кон овие „терироријални претензии“.
Иако и во Албанија постои место со истото име, сепак, се работи за фотографија од македонскиот кањон, а тоа го потврдува и самиот автор:
Лешница e долина на Шар Планина, која се наоѓа во средишниот дел, односно во градниот кош на Шар Планина во пределот на највисоките шарски врвови, помеѓу врвовите Среден Камен и Плат, на околу 17 километри северозападно од Попова Шапка. Оваа мала долина се протега на простор од околу 1.000 хектари и е распространета помеѓу клисурите на: Пена, Лешничка Река, Кривошијска Река и Скакалска Река.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.