На првиот ден на кампањата за локалните избори 2021, Твоја партија поднесе пријава до ДИК за непочитување и прекршување на роковникот на ДИК, според кој кампањата започнува 21 ден пред денот на изборите.
За жал, на најголемите партии кои од буџетот си доделуваат најмногу средства, со кои можат сериозно да влијаат на граѓаните на изборите, оние кои трошат по 4.5 милиони евра за сопствени потреби, кои оваа година ќе потрошат 3.5 милиони евра за финансирање на нивните кампањи, кои трошат по 270 илјади евра за аналитички центри, сето тоа не им беше доволно, па мораа кампањата да ја водат пред време и со прекршување на Изборниот закон, велат од Твоја партија.
Тие посочиваат дека за време на предизборниот период во активна кампања беа владини министри, вршители ја јавни функции, опозициони кандидати, независни кандидати, организирајќи средби со граѓани и вршејќи промоција на кандидати, што е спротивно на Изборниот закон и Роковникот на ДИК, за што впрочем законски следуваат и казни.
Ние веднаш ги сублимиравме сите прекршувања и веќе поднесовме соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.