Издвоени поединци, изложени на лична деградација, со комплетна лажна вест. Токму на ваквите хајки предупредувавме, пишува владиниот портпарол преку официјалниот профил на „Твитер“, споделувајќи го „демантот“ на директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Ова не е новинарско истражување, ова е злонамерен линч од страна на политички актер во општеството, додава портпаролот.
Додека ние ги чекаме извинувањата и од самата Лукаревска за лажното обвинување и наврeдите упатени кон „Република“, како и од владиниот портпарол, јавноста не чека. Граѓаните ги препознаваат обидите за боење со „фејк њуз“ на секоја вест што на власта не ѝ се допаѓа, како што во случајот е оваа.
КОМПЛЕТНО Е ВИСТИНИТА ВЕСТА, хонорарец добил награда!
Она што само го нагаѓавме сега се докажа, сите среќни добитници по разни основи добивале некаква компензација за заслуги во СДСМ.
Објави го списокот на наградените гарант сите ќе бидат препознаени како ваши партиски активисти, се вели во еден од коментарите под овој твит на портпаролот.
Јована Мојсоска, пак, додава дека Само импотента власт може да се жали дека е опресирана и линчована од позиција на власт, кога сиот државен апарат е во нејзини раце.
Ова значи дека демантирате дека вашиот хонорарец добил наградата на Мој ДДВ? Или демантирате дека си ја наместил наградата
Ах бе Дуле бе Дуле се заглави во г…. до гуша и ти со небиднициве? Или и ова е напад и линч па ќе пратиш УЈП да расчисти, коментира новинарот Горан Момировски.
Дел од твитерџиите го потенцираат и очигледното дека – Лажната вест е што објавуваат дека е лажна вест (а не е).
“Без лажи и преваре! Ни најмалку ни најмногу шпортетот го доби ќерката на нашиот градоначалник Аце“, рече во еден момент водителката по извлекувањето на наградата …” Дали типот е хонорарец во Влада? Да. Дали доби награда? Да. Шо е проблемот Портпарол, каде е лажната вест?
На крај, и самата Солза Грчева, која е споделена во истата објава на Лукаревска реагира:
Дали човекот е ваш хонорарец? Дали ја добил наградата? Зошто го тргнавте неговото име откога се дозна за случајот?
Издвоени поединци, изложени на лична деградација, со комплетна лажна вест. Токму на ваквите хајки предупредувавме.
Ова не е новинарско истражување, ова е злонамерен линч од страна на политички актер во општеството.
СТОП на хајките! 🛑https://t.co/U9APknMGoh
— Портпарол на @VladaMK (@portparolVRSM) April 12, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.