Иако СДСМ пред да дојде на власт ветуваше живот за сите, тоа го заборави откако седнаа во удобните фотелји. И покрај средбата на тутунарите со владини претставници тие велат „ние сме заборавени“. За тоа говорат и почестите протести на тутунопроизводителите кои го искажуваат своето незадоволство од власта, иако откупот паралелно се одвива. Но, земјоделците велат „не крадат, ние нудиме квалитет, а тие проценуваат дека тутунот е од пониска класа“.
Според тутунарите најголемиот проблем е укинувањето на четвртата класа која е најниска класа при проценка на квалитетот на тутунот и сметаат дека цената за тутунот треба да се движи од 180 до 190 денари за килограм.
Во текот на вчерашниот ден протести имаше во струмичкиот регион и на патниот правец Прилеп-Скопје, кај месноста Заполшки мост.
Да дадат под итно гаранции за тоа што го бараме, да гарантираат откупувачите кон државата, оти ова ќе прерасне во анархија, во ширење на ковид кластери, луѓево немаат каде. Нема да се повлечат, верувајте ќе одат само напред и напред, изјавил еден од тутунарите, пренесува порталот Фактор.
Инаку тутунарите од Прилеп и прилепско и денеска излегоа на 6-часовна блокада, овојпат на планинскиот превој Плетвар.
Блокадата на Плетвар започна во 10 часот и ќе трае до 16 часот.
Тутунарите велат дека освен возила на брзата помош нема да се пропушта ништо друго.
Под притисок на тутунарите, веќе за утре е закажана нова средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, во општина Прилеп.
Но сето ова се случува поради неспобноста на СДСМ и Заев бидејќи тие наместо да го откупат домашниот тутун увезуваа тутун од странство кој се плаќаше и по цена од над 300 денари за килограм. За оваа проблемитика уште на почетокот на година апелираше заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трупуновски. Уште тогаш Трипуновски ја повика власта да не си игра со тутунарите, да се запре увозот на тутун и да се откупи домашниот.
Зоран Заев и Трајан Димковски ги лажат тутунарите. Додека домашниот тутун стои неоткупен, власта дозволи увоз на тутун. Во период од 8 јануари до денес, Заев и Димковски дозволија увоз на околу еден милион килограми тутун, во вкупна вредност од неколку милиони евра. Да биде трагедијата поголема, тутунот кој е увезен во Македонија е платен од едно до две евра повеќе од цената по која се откупува домашниот тутун, рече Трипуновски на тогашната прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.