Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека  Македонија била клучот за надминување на мигрантската криза и дека сме биле клучот за преговорите со Грција и Турција.

Туск вели дека во тоа време поминал доста време на Балканот, а особено во Македонија каде со службите работел на надминување на проблемите со мигрантската криза.

Но, привремено решение на мигрантската криза беше најдено со договорот со Турција што се однесува на враќањето на мигрантите. Но, ЕУ стана заложник на Ердоган, кој во секој момент може да ги отвори границите и да ја преполни Европа со мигранти. Тогаш на Ердоган му кажав дека границата на Македонија може да биде силно затворена за евентуален таков бран. Ердоган виде дека ние не блефираме со тоа“.

Во преговорите со Ердоган и со Ципрас, рече Туск, зависев многу од информациите на македонската служба со која соработувавме.

Тој смета дека е направен голем успех со тоа што е останата европската перспектива за земјите од Западен Балкан, и покрај заморот од проширувањето, бидејќи без активностите на ЕУ состојбите во регионот би биле многу полоши, а Балканот за ЕУ е европската грижа на совеста.

„Фактот што успеав да ја зачувам европската перспектива за земјите од тој регион го сметам исто така за успех. Во моментов не постои импулс за проширување на Унијата во тој дел на Европа, но тоа замрзнување не значи затворање. На Балканот во секој момент може да се случи нешто лошо“, рече Туск во интервју по повод титулата „Личност на годината“, која ја доделува полскиот либерален весник „Газета виборча“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.