На социјалната мрежа се појави нови видео од престојот на турскиот криминалец Седат Пекер во Македонија.Ова видео датира околку Нова Година и снимено е на авопатот Скопје-Гостивар.
Седат е застанат на бензиска станица од десната страна на автопатот после наплатната рампа близу Гостивар.
Дека се работи за понова снимка покажува и тоа што луѓето на безниската носат маски.
На снимката Седат е костумосан со темни очила и наликува на вистински криминалец од филмовите. Околу него е големо обезбедување а тој во стилот на Тито мафта со раката на присутните кои очигледно го препознале и знаат за кого станува збор.
Погледнете
Водео од Паша Седат Пекер, турскиот мега дилер, шверцер и нарко босс, како шетал пред нова година низ Македонија.
Каде се безбедносните служби!?
Како влегол?
Кој го пуштил на граница, кој го обезбедувал, кој го шетал!? pic.twitter.com/5ajuvb4Oeu— Курвин Водењак (@Jovanowsky) April 8, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.