Турција ќе и донира 30 илјади вакцини „Синовак“ на Република Македонија.

Како што информира владината прес-служба, на работната вечера во Истанбул со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на која присуствуваа премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, станало збор за взаемните пријателски односи меѓу двете држави исполнети со динамична соработка во повеќе области, .

Заев на средбата со Ердоган ја потенцирал исклучително добрата економска соработка меѓу двете земји и нагласениот интерес на турските компании да инвестираат во Македонија и да ги продлабочуваат деловните и трговски врски.

Од турска страна било потенцирано дека Турција ќе продолжи да ја помага Македонија во борбата против пандемијата, со желба да се продлабочи соработката и во областа на здравството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.