Финската министерка за надворешни работи, Тити Тупураинен по завршувањето на денешните безуспешни разговори за одлука за почнување преговори со Македонија и Албанија, рече дека земјите вложиле многу, а Македонија дури и си го смени името.
Сакам да нагласам дека ЕУ мора да ги исполни очекувањата. Земјите вложија многу, особено Македонија која дури и си го смени името. Ние многу го почитуваме тоа и затоа сега Европа мора да одговори соодветно – рече Тупураинен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.