Пркосот е одраз на принципиелност и интегритет, а пораката на премиерот, промовирање на сервилност. Оваа трагедија што денес се случува е дело на сите безрбетници што доброволно прифатиле чифлигарство. Ако заради таков пркос тој биде ставен „на тапет“ или разрешен, тоа ќе значи враќање на некои минати времиња и практики, кои немаат место во демократскиот плурализам.
За ексоратеничката Ивана Туфегџиќпркосот е одраз на принципиелност и интегритет а пораката на премиерот, промовирање на сервилност.
Во анализата насловена како „Пркосот на Стојко Пауновски пука во поданичкиот менталитет“, консултирани за својот став се низа јавни личности кои ја нагласуваат потребата за аргументирана дебата и почитување на принципите на демократија, наместо интенцијата проблемите да се ставаат под тепих.
За новинарката Катерина Блажевска, „случајот Пауновски“ е обид да се замолчи и разреши само затоа што тој отворено се изјаснил за тема од јавен интерес.
Тоа не е непочитување на хиерархијата, како што изјави Заев. Напротив, тоа е одраз на почитување на потребите на институцијата што ја раководи Пауновски, токму заради хиерархијата на највисокиот интерес – јавниот. „Пркосот“ на Пауновски е токму повик за аргументирано и за разумно решавање на проблемот. Ако заради таков пркос тој биде ставен „на тапет“ или разрешен, тоа ќе значи враќање на некои минати времиња и практики, кои немаат место во демократскиот плурализам, вели таа.
Во таа насока за ИРЛ говори и политологот Миша Поповиќ. Според него, обезбедувањето независност во управувањето на институциите е предуслов за создавање стручна и квалитетна раководна служба.
Затоа, сметам дека барањето на Премиерот Заев да се разреши Стојко Пауновски оди спротивно од потребата да се обезбеди независност на институциите и обесхрабрува квалитетни луѓе да се нафаќаат на вакви одговорни позиции. Секако дека програмата за распоредување на т.н. рамковни вработени е избрано решение на Владата за овој проблем и треба да се следи, но прераспределбата не може да биде унилатерален процес. Напротив, за тоа каде ќе се преместуваат административците морало да бидат консултирани и раководителите на институциите, вели Поповиќ.
Зад Пауновски застанаа и вработените, во име на дел од нив за ИРЛ зборува раководителката на Инспекциски надзор – одделение Скопје, Мери Проја Продановска. Таа укажува дека се мобилизираат и бараат средба со премиерот Заев, кому сакаат да му укажат дека разрешувањето на нивниот директор би било погрешен чекор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.