Валентина Божиновска и Срѓан Керим се меѓу 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи (МНР), соопшти денеска по состанокот со членовите министерот Бујар Османи.

Членови на советот се и Марјан Ѓуровски, Нами Ружин, Денко Малевски, Марко Трошановски, Ивана Туфегџиќ, Гордан Георгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски.

Ова ќе биде советодавно тело на Министерството за надворешни работи.Се работи за квалитетни луѓе,добри познавачи на надворешната политика. При изборот внимавав да добиеме широка експертиза, да бидат лица кои се ослободени од притисокот на дневната политика. Спремен сум да ги вкрстиме различните ставови за да изградиме заеднички став, рече министерот Османи на прес-конференцијата по одржување на конститутивната средба.

Членовите на овој совет, рече министерот, ќе работат волонтерски односно нема да добиваат никаков паричен надоместок за нивниот ангажман.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.