Бобан Трпкоски, меѓународниот противпожараен инспектор, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 рече дека материјалите од кои се направени модуларните болници за пациенти заболени од Ковид-19 се од нафтени деривати и за брзо време развиваат високи температури.

Тоа се материјали направени од нафтени деривати и развиваат високи температури. Микс од врел гас и кислород направила самата температира и чекала само една искра. Кога ќе достигне собата 100 степени, ѕидот повеќе не е ѕид, пожарот се префрла во другата соба каде што се прави микс за експлозија, рече противпожарниот експерт.

Тој додаде дека бил на самото место на настанот и дека објектот во кој изгореа 14 лица во Тетово немал ниту една таканаречена „противпожарна бариера“ која треба да го запре брзото напредување на пожарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.