Пожарот мора да се истражи и да се извлечат заклучоци за да се превенира во иднина. Има други случаи кога автобуси се палеле, но толку многу за да изгорат толку голем број патници, тоа се надевам дека ќе одговори истрагата, изјави Дејан Трпевски судски вештак за сообраќајни незгоди во вчерашната „Топ тема“, говорејќи за автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 македонски граѓани.

Тој додаде дека нафтата споро гори, а за една минута да се прошири пожар и да изгори се отвора простор за сомнеж зошто толку брзо изгорело, односно да се бара причината за пожарот.

Информации за нафта и пиротехника има по медиуми, ама треба да се почека истрагата. Органите ќе треба да приберат докази и да кажат дали постои простор за тоа. Видовме по порталите дека некој видел некакви туби, поверојатно е да се пластични канти, но тоа е во сфера на шпекулации. Не знаеме што е останато и што е изгорено. Материјалните траги се 99% уништени, изјави тој.

Според него во оваа ситуација кога цело возило е изгорено тешко е за прибирање на докази и прашање е што истражителите во Бугарија ќе спасат за да знаеме што се случило.

Вештачењето и барањето на одговори треба да оди како настанал пожарот и зошто толку брзо се проширил за патниците да не можат да имаат време да избегаат, рече Трпевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.