Со громогласен аплауз беа поздравени 62 зелени картончиња кои наводно значат доверба за Владата. Премиерот Зоран Заев сам побара да се гласа доверба, без расправа, без да се разговара за пропустите, погрешната политика, лошите преговори, промените со учебниците, фактот дека се уште немаме вакцини…

Дали тие 62 зелени картончиња навистина значат триумф?! За што беше аплаузот во Собраниската сала? За вакцините кои ги нема? За променетото име? За манипулациите со идентитетот? За укинувањето на историјата? За фактот дека се упте немаме датум за преговори иако се откажавме од се што е македонско? За манипулацијата со убиените момчиња кај Смиљковско езеро?

Иако навидум храбар, потегот на Заев е доста кукавички изведен, а тоа веднаш му беше посочено и од опозицијата во Парламентот.

Немавте сила, храброст да го поставите по член 214 став 3 и да дозволите три дена расправа тука и да ги кажеме сите аномалии на оваа Влада, туку бегајќи од јавноста три дена не сакате да излезе тоа што во Република Македонија нема вакцини, тоа што имаме најголема смртност во Република Македонија, тоа што вчера министерот за борба со корупцијата во Република Македонија на медиумите им вика јас ве плаќам треба да кажувате јас што кажувам на „Топ тема“. Сакате да избегате од сите коруптивни скандали кои што ги има оваа Влада, му посочи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Никола Мицевски од собраниската говорница

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денес во своето гостување на телевизија Сител истакна дека денес пет часа во Собранието премиерот Заев се занимавал со византиски игри наместо со проблемите на граѓаните.

-Денес во Собранието бевме сведоци на четири пет часовни византиски игри на кои што на крајот премиерот Заев докажа дека го има мнозинството коешто го има од месец август. Гледаме сега некој триумфализам. За мене искрено да ви кажам триумфализам ќе беше денес премиерот да дојдеше пред пратениците и да кажеше дека се обезбедени 100 000 вакцини да дојдеше да кажеше дека има нов пакет на економски мерки кои што ќе спасат работни места кои што ќе спасат компании кои што се на раб на ликвидност, истакна Муцунски.

Денешниот наводен триумф на Заев само е доказ дека тој сериозно е загрижен и дека очајнички купува време за владата која е на стаклени нозе. Избрзаното и шверцерско гласање само ги потврди последните гласини дека неговата коалиција е пред распад, посебно откако и пратениците на ЛДП и на ДС решија да делуваат самостојно, а гласањето на доверба отсликува колку недоверба има тој во неговите коалициони партнери. Народот е незадоволен. Народот не е среќен што нема вакцини. Народот не е среќен што историјата се укинува. Народот не е среќен што го променивме името и се уште сме пред портите на ЕУ кои се затворени за нас. Народот не е среќен што пензиите се покачија за „дури“ 135 денари. Народот не е среќен што СДСМ е на власт!

Граѓаните не веруваат на изјавите дека немаме вакцини зашто власта се грижи да не бидеме експериментални глувци, додека цел свет се вакцинира. Народот не веруа дека немаме вакцини запто владата не знае која е количината што треба да ја набави, да не остануваат по магацини. Народот не верува дека немаше договор меѓу Заев и Мијалков за неговот исчезнување. Народот не верува во довербата на оваа Влада. Народот е свесен дека ова е само купување време… Но се чини, не 90 дена… Заев се надеваше на толку. Но Уставот кажува нешто друго.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.