Цветан Трипуновски, претседател на републичката комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на ваша страна на телевизија Телма истакна дека со Законот за продажба на државното земјоделско земјиште граѓаните ќе станат кираџии во сопствената држава, како и дека многу земјоделски стопанства ќе згаснат бидејќи финансиски не се спремни за ова.

Со овој закон ние ќе станеме кираџии во сопствената држава. Многу земјоделски стопанства ќе згаснат и нема да знаат како да преживеат, и така се во тешка ситуација, па замислете како ќе им биде ако некој им го купи земјоделското земјиште, вели Трипуновски.

Министер зар вие мислите дека се спремни нашите земјоделци се финансиски спремни да го купат земјиштето, они верувам дека сакаат но дали слушате дека секој ден го молат премиерот и директорот на платежна агенција да ги исплатат субвенциите, рече Трипуновски.

Трипуновски смета дека наместо владата да ги даде тие 50.000 хектари кои не се под закуп бесплатно на земјоделците за да бидат рентабилни, тие сакаат преку јавни повици да го распродадат истото.

Знаете ли каде лежи замката во целата работа , и самиот министер потенцира дека во Република Македонија има илјадници хектари кои што не се обработливи и не се под закуп. Овој закуп ќе ги распродаде во прв момент тие кои не се под закуп со јавен повик. Наместо да се потрудите како влада овие необработливи површини во моментот кои што не се дадени под концесија дајте да најдеме начин да им ги дадеме на бесплатно на земјоделците нека бидат рентабилни, него интенцијата на владата е со овој закон тие 50.000 хектари преку јавни повици или стратешки инвеститори е да го распродаде македонското земјоделско земјиште, истакна тој.

Трипуновски објасни дека за едно евро власта ќе ја раскрчми државата.

За помалку од едно евро ќе ја раскрчмиме Република Македонија, ќе дојдат некои во “инвеститори“ ќе го купат земјоделското земјиште и они ќе бидат газди, изјави Трипуновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.