Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски денеска соопшти дека преку тендер за сеча и транспорт на дрвни сортименти, од буџетот ќе се испумпаат 8,5 милиони евра.
Зоран Заев и Оливер Спасовски во моментов го спроведуваат најмасовниот поткуп на гласачи. Параван за поткупот е тендерот за сеча и транспорт на дрвни сортименти. Од буџетот на овој начин се испумпуваат над 8,5 милиони евра, обвини дополнителниот заменик-министер за земјоделство Цветан Трипуновски.
Според него, СДСМ врши поткуп преку ЈП„ Македонски шуми“, кое распишало неколку јавни набавки за сеча и транспорт на дрвни сортименти.
Ова е зелена мафија и е во директна спрега со врвот на власта. Едниот јавен повик е за превоз, истовар, растовар на дрвни сортименти во вредност од 146.470.137 денари, од кој реализирани се 9 милиони денари. И другиот јавен повик е за сеча со дотур на дрвни сортименти во висина од 382.842.527 денари, од кој реализирани се 125 милиони денари. Односно имаме веќе над 2 милиони и 200 илјади евра народни пари потрошени во време на криза, за работа која доколку владата сакаше можеше да ја изврши и самата институција ЈП ‘Македонски шуми’, ако на време беше набавена дополнителна механизација, проект кој го почна ВМРО-ДПМНЕ, а не го доврши СДСМ, истакна Трипуновски на денешната прес-конференција пред зградата на Владата.
Според него, милионите ќе се слеат кај неколку фирми кои се објавени на страната на Бирото за јавни набавки.
Ова е класичен криминал и изборен поткуп и се прави во период кога Заев интензивно бара брзи избори.СДСМ не најде за потребно да обезбеди потребна механизација за непречено функционирање на Македонски шуми, за сега пред избори да го користи претпријатието за изборен поткуп, рече Трипуновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.