Почитувани земјоделци, денес победивме, порача заменик министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.
Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:
По денешната моја изјава со која побарав од владата да даде дополнителни 5 денари субвенција за предадена зелка во откупните пунктови, како мерка за помош на земјоделците во ек на пандемија СДСМ попушти и прифати.
Притисокот кој Вие и јас го направивме вроди со плод. Илјадници земјоделци ќе земат субвенција за предадената зелка, која ка продаваа по ниски цени, затоа што власта не обезбеди откуп.
Притисокот за да си го добиете своето наскоро ќе биде минато. По промената на власта што ќе следи, земјоделците ќе бидат на прво место.
Вие продолжете да работите. Јас сум тука да се борам за Вас
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.