Дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски загрижен за состојбата на Преспанското езеро и самиот се одлучи да ја увиди состојбата на терен.

-Денеска соогласно информациите кои што стигнаа до мене одлучив да го посетам Преспанскиот регион да се уверам во фактичката состојба во која што се наоѓа Преспанското езеро. Од она што можев да го видам ова е повеќе од алармантна ситуација што се случувуа во моментов. Ова природно богатство со ова повлекување на водата прашање е кога ќе се доведе на минимум и ќе доведе до една еколошка катастрофа, загрозувајќи најмалку 300 видови флора и фауна кои што егзистираат тука, вели Трипуновски.

Причината за нискиот водостој Трипуновски ја гледа во негрижата на Владата на СДСМ за водниот потенцијал во Република Македонија и потенцира дека ако не се превземе некаква активност да се спаси езерото веднаш голема е веројатноста да се случи голема еколошка катастрофа.

-Јас како дополнителен заменик министер ќе ги искористам сите мои законски обрски и овластувања ќе го информирам и министерството за надворешни работи, како што кажав езерото го делиме со две други држави, да видиме дали причината за губитокот на водата е можеби од другата страна и нормално министерството за животна средина кое исто така е повикано, истакна тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.