Опструкциите на власта кон техничките министри и дополнителните заменици-министри не престануваат. Една недела откако стапи на должност во Министерството за земјоделство како дополнителен заменик-министер Цветан Трипуновски не добил канцеларија за да се смести.

Од друга страна, кабинетите на дополнителните заменик-министерки Невенка Стаменковска-Стојковски во Министерството за информатичко општество и администрација и Гордана Димитриеска-Кочоска во Министерството за финансии и на техничката минситерка Рашела Мизрахи во Минситерството за труд и социјална политика имаат проблем со екипирање на тимот, зашто се соочуваат со опструкции при преземање на вработени од минситерствата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.