Претседателот на бугарската политичка партија „Има таков народ“, Слави Трифонов, во интервју за Бугарската национална телевизија зборуваше за можната коалиција за состав на Влада, укинувањето на левот, односите со претседателот Румен Радев…

На прашањето, дали Бугарија треба да го смени ставот и да го симне ветото за почетокот на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ, Трифонов коментира дека сегашната позиција на Софија е исправна и се додека односот на Скопје и Македонците кон Бугарија не се променат, нема да се промени ниту бугарската одлука за ветото.

Не мислам дека бугарската позиција по ова прашање треба да се промени. Каква што е сега треба и да остане. Топката е кај нив и тие мора да направат нешто за да ја променат нашата одлука. Ние долго време имавме прекрасни односи со нив. Нивната реакција не беше таква – вели Трифонов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.