Се појави ново видео од речиси половина час, во кое главно се слушаат разговори меѓу Орце Камчев, Бојан Јовановски- Боки 13 и специјалната обвинителка Катица Јанева. Тие честопати го споменуваат премиерот Зоран Заев, а во еден разговор Боки 13 го убедува Орце Камчев дека Заев нема да прави проблеми, посочувајќи дека веќе се видел со премиерот.

Бојан 13: Ова е исто меѓу нас
Орце: Што?
Бојан 13: Да видиш како ми е дома наместено…Да видиш ти З.З.
Орце 13: Добро, тебе ти се другари. За нив ја играш играта. Дај малку винце до пред врата донеси ми. Мислам дека З.З. нема да ми направи проблем мене бо секој случај.
Бојан 13: Јас разговарав со него во понеделникот.
Орце 13: Се виде со него во понеделникот?
Бојан 13: Аха
Орце 13: Нема да прави проблем, така?
Бојан 13: Не не. Само немој да петљаш….
Орце: Абе у живот немам ништо со Трајче. Коа ми кажа ти, на Ана си и пуштил порака Бугарите да не се мешаат не се јавија више. Се јавија? У затвор бев јас Боки. Ти сии  кажал на Ана, молим те да не се мешаат. Не се ни јавија. Они покушаа нешто, тие ми се пријатели, пријател треба да проба, ама сега знаеме кој кључ може да отвори врата.
Бојан13: Така е. И уште една работа. Споменуваш неколку пути еден чоек и ова меѓу мене и тебе.
Орце: Јас споменувам чоек?
Бојан 13: Споменуваш неколку пути, што е, кај е, како е..
Орце: Кој е тој?
Бојан 13: Тој човек преку мене стапи во контакт..
Орце: Оној од горе, нашиов?
Бојан 13: Да и заврши све со мене. Ама заврши и со СЈО и ЗЗ. И големи работи и големи проекти. Се.
Орце: Нашиот?
Бојан 13: Да.
Орце: Тој па не е компатибилен за голема игра.
Бојан 13: Те молам, меѓу мене и тебе.
Орце: Шефе завршено, крај. Оти он имаше исто предмет така?
Бојан 13: Немаше
Орце: Имаше за базите, добро сега си го решил проблемот. Си ја решил маката.
Бојан 13: Никој не знае.
Орце: Види Жарко ми е кум мене. Кој може, Бог да му поможе.
Бојан 13: Беше исклучително прецизен. Таму го носев јас.

Разговорот може да го слушнете околу 17 минута од видеото



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.