Триесетина наши граѓани, кои беа сместени во воената база на САД во Доха, Катар, успешно се трансферирани во Истанбул, Турција, од каде се очекува да се упатат кон Скопје, информираат од Министерството за надворешни работи.
Авионот со којшто е предвидено да пристигнат, се очекува да слета во 19:50 часот, по локално време на Меѓународниот аеродром Скопје.
На координативниот состанок што се одржа попладнево во Владата од Министерството за надворешни работи информираа дека сите македонски граѓани се безбедно евакуирани од Авганистан и оти се очекува многу скоро да пристигнат дома во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.