Нови провокации од новинарот Бранко Тричковски, познат како голем поддржувач на СДСМ и Зоран Заев. Овојпат за контроверзниот Тричко, до чија маленкост МВР и ОЈО рака не пуштаат и покрај бројните навреди и закани кон многу функционери од опозицијата, вели дека исчезнувањето на Македонците е мала жртва, ако со тоа исчезне и ВМРО. Ќе се пишам Алванец, додава Тричковски.
Навивам за Албанците! Ако албанската дијаспора и води на македонската со седум нула, јас ќе почнам да навивам за Албанците, не е исклучено дека нивната голема победа ќе ја поткрепам и со лично изјаснување како Албанец по националност. Изчезнувањето на Македонците ќе биде мала жртва за исчезнувањето на вмро и за усреќувањето на луѓето на овие простори. Вмро е во право: Нема Македонци, нема проблеми. Молам! Точно дека звучи малку висарјоновски, но, така е, стои во постот на Тричковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.