Центарот за јавно здравје Тетово информира дека на подрачјето на шестте тетовски општини денеска се регистрирани три нови случаи на корона вирус.
Општина Тетово денес има два нови случаи со Ковид-19, а еден позитивен има во Општина Желино – соопшти д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје во Тетово.
Тетовската полиција информираше дека за непочитување на мерките за заштита од пренесување на коронавирусот, односно неносење на заштитна маска за лице во текот на изминатото деноноќие, 18 лица добиле прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.
Извршени биле контроли на 220 луѓе со решенија од Државен санитарен и здравствен инспекторат, но без евиндентирани прекршоци
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.