Три нови позитивни случаи на Ковид-19 во Делчево. Тројцата пациенти, кај кои е утврдено присуство на Ковид-19 се асимптоматски случаи.

Како што соопштија од Здравствениот дом во Делчево, од вкупно 10 тестирања кои поради контактите на веќе заразените беа направени за присуство на Ковид-19 во петокот, како позитивни на тестот биле тројца пациенти, еден тест е негативен, додека за шест тестови резултатите допрва ќе бидат соопштени.

Новите тројца пациенти се во добра здравствена кондиција. Едно лице од тестираните е негативно, додека за останатите шест тестови допрва ќе бидат соопштени резултатите. Денес дополнително се направени три тестирања за кои исто така очекуваме резултати – велат од Здравствен дом „Гоце Делчев“ во Делчево.

Заклучно со денешниот ден, во Делчево има шест активни случаи на Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.