Три дена нема детали што се случува со Македонците откако е потврдено дека 3 наши државјани се на бродот кој е во карантин на јапонското пристаниште.
Надлежните немаат информација дали се работи за вработени или пак гости на крузерот. Од МНР велат дека се во постојана комуникација со јапонските власти, но до сега немаат добиено информација дали македонските државјани се заболени. Вирусот е потврден кај 64 патници а тестирањата се уште траат. Од бродот веќе 12 лица се пренесени во болница.
Од вкупно 3 700 патници до сега тестирани се околу 300.
Ниту од агенцијата која соработува со овие крузери не сакале да откријат за „Сител“ дали се работи за туристи или вработени на бродот. За здравствената состојба и други информации поврзани со Македонците ги упатиле во МНР.
На овој брод вработени се вкупно 1000 луѓе од 56 земји, голем дел се од земјите од регионот.
Од Дајмонт Принцес информираат дека на гостите им обезбедиле бесплатни повици и интернет за да комуницираат со блиските. За нивните потреби е ангажиран персонал кој ги послужува во собите како и сателистска телевизија, филмови, весници за занимација.
Крузерот Дајмонд Принцес е ставен во карантин откако вплови во пристаништето Јокохама во понеделникот кога беше откриен корона вирусот кај лице кое во јануари во Хонг Конг го напуштил истиот брод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.