Недозволиво е министер да изрази незадоволство против судска одлука, смета извршаната директорка на коалицијата „Сите за правично судење“ Натали Петровска откако министрите Бојан Маричиќ и Љупчо Николовски негодуваа што судии од Апелацискиот суд ја прифатиле понудената кауција од 11 милиони евра за Сашо Мијалков да се брани од слобода.
Петровска за „А1он“ вели дека тоа е мешање во судската власт, која е самостојна и независна. Одлуките на судиите може да ги контролира повисок суд, но не и министрите од владата.
Одлуката на Апелација се уште не е јавно објавена. Она што е уште полошо е што одлучуваат тројца судии со тајно гласање, а министерот за правда Бојан Маричиќ прстот го впери во двајца, што укажува дека знаел кој бил за ослободување на Мијалков, а кој бил против.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.