Неколку дена се случуваат турканици пред пунктовите и уште не стивнуваат иако надлежните отворија и нови места за имунизација. Во Скопје ваква слика се случува веќе трет ден. И не само во главниот град туку и низ другите градови. Информациите од Тетово се дека денес таму има дури и уште повеќе гужва отколку вчера и завчера.
Оние коишто доаѓаат да се боцнат без термин се заедно со оние кои веќе имаат термин за рева кцина, во редици каде што владее тензија и нервоза главно заради долгото чекање.
Докторите во пунктовите и самите се сведоци на сликата која се случува во најголемиот дел од денот таму, а не само тензијата – туку и ризикот од зараза со болеста е реална во таквите гужви.
Во Скопје од денес се функционира со дополнителни четири пунктови – покрај веќе постоечките во поликлниките „Букурешт“, „Јане Сандански“ и „Чаир“.
Од утрово и во Драчево, Ѓорче Петров, Ченто и Бит Пазар се имунизираат граѓаните со некоја од трите достапни дози коишто ги има во државата во моментов.
Сликата на терен во новите пунктови е малку поразлична – ги нема оние гужви што се случуваат пред „Букурешт“ и „Јане Сандански“ особено откако се затвори пунктот во салата „Борис Трајковски“.
Но, лекарите се оптимисти дека интересот за имунизација уште повеќе ќе се зголеми и во следните неколку дена.
Очекувањата се дека новиот бран на зараза ќе дојде на есен и затоа во тек се подготовките од страна на властите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.