Вечерва во „Заспиј ако можеш“ во Алфа телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНРЕ, Христијан Мицкоски, кој истакна дека во врска со аферата Мафија, Заев и Спасовски требаше да си поднесат оставка уште првиот ден откако се објави аферата, затоа што станува збор за страшен криминал.
Ај што се неспособни, ај што се криминогени, се уздисале со криминалци, сега се обидуваат невешто да се бранат, а цела јавност им се смее, на овие луѓе како лоботомија да им е направена, требаше да си поднесат оставки уште дента за колку толку да ја санираат штетата, вели Мицкоски.
Мицкоски вели 215 пати се давани државјанства, проблемот е зошто вакви пасоши немат овие луѓе од Албанија или од други земји, зошто баш од Македонија.
Ако се погледнат документите може да се увиди дека станува збор за многу вистинити патни исправи, луѓето кои ги добиле со украден идентитет, како Седат Пекер, кој е протеран во 18 јануари 2021, а веќе на 21 јануари се појавил во полициска станица Драчево, а веќе на 27-ми му се издаде лична карта, страшно и денеска го гледаме збунетиот Спасовски како седи, истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.