Оливер Спасовски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 коментираше и за списокот на помилувања од страна на претседателот Стево Пендаровски, и враќањето на помилувањата од страна на министерството за правда.
Спасовски коментираше дека треба сериозно да се обрне внимание кои лица се ставаат на тој список за помилувања, и не треба тоа да се темели само врз основа на однесување на лицето во казнено поправната установа.
„Помилувањата се прават според закон, и не треба да изостануваат. Меѓутоа треба да се внимава кој сериозно се наоѓа на таквите списоци на помилување. Не треба секогаш да биде пресудно однесувањето на лицето во казнено-поправната установа, туку треба да се ценат многу факти и аргументи, што е тоа што е направено, проценка на штетата која е предизвикана. Значи постојат повеќе елементи на кои треба да се внимава. Убеден сум дека при носење на одлуката на претседателот гледа на сите елементи и ќе донесе одлука најдобра за сите“, изјави Спасовски.
Враќањето на списокот на помилувани од страна на Министерството за правда за Спасовски покажува некаков став на несогласување од страна на министерот Маричиќ.
„Враќањето на колегата Маричиќ покажува некаков став на несогласување. Но, укажувам генерално при носењето на ваквите одлуки. Ние ќе имаме повторно следната година некаква подготовка за помилување, затоа треба тие принципи да се воспостават“, рече Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.