На денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз” се читаа вибер комуникации од Јасна Мандиќ како директор на 1ТВ и Зоран Башановиќ, советник на Зоран Заев.
Денешната презентирана вибер комуникацијата помеѓу Башановиќ, кој важи за еден од најблиските соработници на Заев и Јасна Мандиќ јасно укажа на заложбата и ургенцијата на премиерот Заев да издејствува да не оди во затвор Јасна Мандиќ, туку да биде во домашен притвор.
Имено, од приложените преписки во Судот, се читаа пораки од Зоран Заев насочени кон Башановиќ.
Полициските службеници биле во домот на Јасна Мандиќ, при што побарала ургенција кај Заев преку Башановиќ, на што Башановиќ побарал помош за Мандиќ директно од Зоран Заев. На тоа Заев вели „Јас ќе замолам во ЈО и Суд да доделат полесна мерка, да не биде затвор”, при што вели дека ќе провери што е работата. Веднаш потоа, му пишува на Башановиќ „Другар, има докази за Јасна ми кажуваат. Но ќе се обидам да не е притвор”, за на крај да му се обрати со порака „Нема да оди во притвор”, при што Мандиќ тогаш не отиде во затворска ќелија, туку доби полесна мерка, домашен притвор.
Експертите коментираат дека со ова премиерот Заев извршил кривично дело според КЗ на РМ член 359 каде што извршил директно влијание и ја искористил својата премиерска положба да се вмеша во одлуките на правосудните органи и да влијае да обвинетата Мандиќ не оди во затвор.
Оттука се покренуваат неколку прашања што останаа неодговорени изминатиот период, а тоа е врската помеѓу Зоран Заев и обвинетите во Меѓународен Сојуз, која е неговата улога, дали и тој се стекнал со некаква корист од целиот рекет, односно дали парите завршиле кај него, како и која е причината Заев да ургира Мандиќ да не оди во затвор, коментира порталот Курир.
Едно е јасно, Заев и самиот во неколку наврати има повторено дека 1ТВ каде што Мандиќ беше управител е провладина телевизија која е под негова контрола.
Она кое што е се повеќе веројатно според експертите и упатените е дека брзата интервенција на Заев да ја спаси Мандиќ од затвор била како резултат на паника и страв да не проговори за вмешаноста на премиерот во целиот случај со рекетирање.
После овие изнесени докази во Судот, се уште нема никаква реакција од обвинителството да го истражи овој случај на мешање во одлуките на правосудните органи од страна на Зоран Заев.
Додека пак, Јасна Мандиќ јавно упати прашање до Судот и обвинителството , кој е Зоран Заев да знае дали има докази или не и во кое својство ги имал тие информации, што уште еднаш укажува на директно мешање во правосудните органи и нивната работа.
Да потсетиме, јавноста преку случајот „Рекет” го впери прстот кон Заев дека бил главата на рекетот каде што беа изнудени над 20 милиони евра од бизнисмени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.