Состојбата во државата е секој ден се полоша во сите сегменти на живеењето. Тоа го потврди и последниот извештај од Транспаренси Интернешнл каде Македонија има пад од 45 места во последните две години што само по себе покажува дека во земјата корупцијата е се поприсутна. Последно коe oва го потврдува е случајот со набавката на механизација за потребите во РЕК Битола односно случај каде на повидок е уште еден коруптивен договор.

За ова вчера обвинија и од ВМРО-ДПМНЕ каде укажаа дека на 21.12.20202 АД ЕЛЕМ склучиле повеќе договори со приватни фирми односно обвинија дека станува збор за договор во четири очи вреден шест милиони и шестотини илјади евра

Станува збор за склучување на договори во четири очи за услугата “ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива во ПЕ (производна единица) РЕК Битола”. Ангажирана опрема е булдожер, хидроуличен багер-гасеничар, телескопски чистач на транспортна лента, камион дампер, утоварна лента, скип и грејдер. Со овие договори видовме и во претходниот период дека најчесто подизведувачи се камиони со струмички таблици за коишто постојат индиции дека припаѓаат на семејството на фамилијата на власт, посочи на вчерашната прес конференција Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено Милошоски ги упати и следните прашања до владеачката партија:

1.Дали СДСМ намерно не ја реализираат набавката на сопствена механизација на РЕК Битола за да можат да склучуваат договори во четири очи и да продолжат со вакви договори кои што ги нарекуваа “коруптивни договори” до 2016 година?

2.Дали СДСМ е партија која што им дава предност на семејните фирми на партијата на власт, а не е спремна да се бори против корупцијата?

Само за потсетување СДСМ во нивната предизборна програма во 2016 „План за живот“ стои дека нивниот главен проект за РЕК Битола ќе биде набавка механизација за потребите на РЕК Битола за да не се случуваат повеќе понатаму коруптивни договори во РЕК Битола.

Но, јасно е дека било само нивна предизборна лага зошто од преземањето на власта од 2017 година до 2020 година се склучени четири договори во четири очи кои што се вредни шест милиони и шестотини илјади евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.