Сите сме мотивирани и нема да дозволиме поигрување со вредностите, поигрување со човековите права и слободи, поигрување со сѐ што е вредно за еден човек, поигрување со нашите сограѓани, влогот е голем, бидејќи за нашата иднина се работи, за иднината на нашите деца, порача од Делчево кандидатот на СДСМ за градоначалник, Горан Трајковски на денешната промоција.

Како градоначалник и со поддршка на мојот тим и претставниците на досегашниот Совет, интензивно работевме за да го подобриме квалитетот на животот во Делчево. Им изразувам посебна благодарност на претседателот на Советот Маневски и на советниците кои дадоа свој влог во реализација на проектите. Заедно ги реализиравме сите капитални ветувања, а од програмата се реализирани високи 80% од ветените проекти, но и реализиравме проекти кои не беа ветени во програмата, но беа долгогодишен товар на граѓаните -порача Трајковски.

Трајковски ја претстави својата програма со чии проекти развојот и напредокот на Делчево ќе продолжи и во следните четири години.

Во програмата се понудени околу 150 проекти и сите се во насока на подобрување на квалитетот на животот и одговор на барањата на граѓаните на Делчево, и од градот и од руралните средини. 60 проекти се директно насочени кон инфраструктурата во руралните средини.

Меѓу нив се и изградба на нова детска градинка во населба Расадник, со што инвестираме во раниот детски развој и овозможуваме прием на уште 150 дечиња во детска градинка и ја затвораме листата на чекање на дечиња за влез во градинка. Следува изградба на првата пречистителна станица за отпадни води за заштита на реката Брегалница, предвидуваме и реконструкција на дел од водоводна мрежа во населбите дел од Милково Брдо и дел од Ново Делчево, Втори реон, Старо Делчево; како и поставување на паметно осветлување на градот со околу 1.000 нови ЛЕД-светилки на сообраќајниците, плоштадите и јавните површини во надлежност на општината. За овие проекти барам ваша поддршка на 17 октомври – истакна Трајковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.