Професорот Дејан Трајковски, кој се занимава со анализи на ковид-статистиката и процентите на заразени и починати, на социјалните мрежи се огласи по трагичниот настан во Тетово и пожарот во модуларната ковид-болница.

-Штом избувнал пожарот во тетовската модуларна болница, дали некому му текнало да го сопре доводот на кислород? Ако не го сопреле, од истопените инсталации чистиот кислород истекувал неконтролирано од стотина места и го засилил пожарот до точка од која нема враќање ни гаснење. Чист оксидатор пуштен среде пожар, невиден ужас!, стои во реакцијата на Трајковски.

Најмалку 10 луѓе загинаа, а непознат број се повредени во пожарот кој го зафати ковид-одделението на тетовската болница. Пожарот избувнал околу 21 часот, по што следувале и неколку експлозии, веројатно предизвикани од боците за кислород.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.