Жанета Трајкоска, новинарка реагира на дизајнерското решение на Владата која денеска на својата официјална страница на Фејсбук објави фотографија во чест на Денот на Републиката, 2 Август, Илинден.

 

Posted by Влада на Република Македонија on Saturday, 1 August 2020

Ова е Илинден или Македониум.
ОВА е симболот на денешниот ден. Ја “означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.”🇲🇰
Не знам кому му текна да прави нов знак за Илинден од 3 оџаци или 3 лего коцки во 3 боички каде средната е ЕУ плава боја.
Не дечки, кога имате ваков силен симбол за најважниот датум за македонската држава не си играте дизајнери по дома со боички и коцки. И секако може да го користите името Илинден, не морате Македониум.
Среќен празник Илинденци. За жал секој ден покажуваме дека не си ја сакаме државата. Од фрлање ѓубре на улица до погубни политики.
Честит празник и за многу години Илинден!, пишува Трајкоска на Фејсбук.

Ова е Илинден или Македониум. 🇲🇰
ОВА е симболот на денешниот ден. Ја “означува непокорноста, борбата и вечната стремеж…

Posted by Zaneta Trajkoska on Saturday, 1 August 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.