Директорот на АВМУ Зоран Трајчевски во вечерашната емисија „Топ тема” на Телма телевизија рече дека власта заборавила и на 15 јули да прогласи молк и најави дека нема да казнуваат медиуми поради владиниот пропуст .

Претпоставувам дека тоа е пропуст на власта, водејќи се претходно дека се гласа во сабота на болните лица и затворениците, а сега прв пат во овие избори имаме и уште еден ден претходно каде што луѓето се во самоизолација или карантин, така да водејќи се по таа аналогија ги имаат оставено само 13 и 14 јули, а го имаат заборавено15 јули. Се надевам дека медиумите ќе бидат на висината на задачата и нема да дозволат да се пренесуваат информации, да известуваат за активности кои се забранети за време на молкот, но и да не ги почитуваат ние како агенција нема да бидеме во можност да ги казнуваме – рече директорот на АВМУ Зоран Трајчевски во вечерашната емисија „Топ тема” на Телма телевизија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.