Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција информираше дека Трајче Здравков е новиот вршител на должност директор на ЈП „Исар“, а Игор Ефтимов на ЈП „Стипион“.
Се надевам дека овие решенија ќе ја оправдат довербата на народот и она што го ветуваме дека ќе ги направиме пофункционални јавните претпријатија и да бидат сервис на граѓаните. Истите ќе бидат во функција и ќе ги задоволат барањата на нашите сограѓани. Од денес тие ќе имаат можност и обврска секојдневно во координација да ги извршуваме основните дејнoсти на јавните претпријатија – рече Јорданов.
Посочи дека она со што прво ќе се зафати новиот тим е реорганизација на претпријатијата, забрзување на започнатите проекти и завршување на градежните активности.
Новите директори приоритетно ќе имаат обврска да се реорганизираат, да создадат тим што ќе носи резултати и кој ќе биде во функција на нашите сограѓани – истакна Јорданов.
Порача дека Здравков и Ефтимов се назначени како вршители на должност на двете големи штипски претпријатија со цел да бидат пофункционални, поодговорни и да служат на граѓаните, а доколку се утврди нивна неодговорност и нефунkционалност, тие ќе бидат разрешени.
Новите вршители на должност најавија дека ќе направат анализа во каква состојба се претпријатијата и ветија дека ќе бидат во служба и сервис на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.