Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, во гостување во „Тема на денот“ на Сител го посочи Заев како виновен за ситуацијата што се случува сега.

Не е така едноставно и лесно да се сруши влада, последици ќе има дали преку оставка на актуелниот претседател на владата, дали преку интерпелација. Мислам дека Заев ја иницираше оваа севкупна состојба што се случува сега.

 

Сигурен сум дека Зоран Заев и СДСМ за ова ќе сносат последици. Но, легитимно е правото на опозицијата да се здружува и да бара оставка бидејќи на секоја политичка партија главната цел и е да дојде на власт – вели Трајанов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.