Одговорноста за бегството на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, пратеникот од владаечкото мнозинство и претседател на Демократски сојуз, Павле Трајанов ја лоцира во Владата.

Со овие случувања загрозена е Владата. Владата е во исклучителна сложена состојба, во криза условно кажано. И како ќе се менаџира овој процес времето ќе покаже. Тоа е една димензија, јас анализирајќи ги барем досега присутните информации објавени, јавни информации од јавноста, мислам дека ние имаме системска грешка во целиот систем, не функционира. А, за нефункционирање на системот првенствено е одговорноста кон Владата, оцени Трајанов во јавување за „Утрински брифинг“.

Трајанов додаде дека главниот виновник за нефункционирање е токму Зоран Заев.

Виновникот е претседателот на Владата, бидејќи тој систем мора да се постави и да функционира, и во услови на криза, и во вакви услови кои навистина личат на криза, бидејќи е загрозена националната безбедност на нашата држава, рече Трајанов.

Тој посочи дека институциите не функционираат самостојно, тие се под директна контрола од извршната власт. Според него, поради тоа се случува тешки криминалци да бегаат од земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.