Откако ДИК ги објави првичните резултати од изборите позната е и листата на 120 пратеници кои влегуваат во Собранието. Кога ќе се погледне изборот на пратеници се забележува дека има нови свежи имиња но и некои што со право може да се наречат ветерани.
Такви има од сите партии. Еден од нив е лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој ретко се појавува на собраниската говорница но со неколку пратенички мандати зад себе.
Долг стат како пратеник има и лидерот на Демократскиот сојуз, партија привезок на СДСМ, Павле Трајанов.Тој повторно ќе биде пратеник од четвртата изборна единица.Тука се и „вечните“ Горан Мисовски од НСДП како и Радмила Шекеринска.
Пратеник во овој мандат и е Зоран Заев, кој имаше краток излет како премиер и градоначалник на Струмица.Тогаш одмараше од собранската фотелја.
Од ВМРО-ДПМНЕ како пратеник се враќа Александар Николоски, кој не беше во минатиот состав. Тука се и „староседелците“ Антонио Милошоски, Ане Лашкоска, Никола Мицевски, како и Иван Стоиљковиќ.
Од останатите партии на Албанците, пратеници остануваат лидерот на Беса Билал Касами, Фадиљ Зендели,Зијадин Села и „вечниот“ Мендух Тачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.