Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциско, изутринава пристигна на аеродромот во Скопје со што ја почна историската Апостолска посета на Република Македонија. Тој беше традиционално пречекан со леб и сол, а во делегацијата која го чекаше на скопскиот аеродром беа Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи, шефот на дипломатијата Никола Димитров и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.