Денес се одржа подготвително рочиште во кое што шефот на Јавното обвинителство за организиран криминал и на корупција, обвинителката Вилма Русковска во својство на тужител по поднесена тужба против ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Игор Јанушев како овластен претставник на Коалицијата и Христијан Мицкоски како претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, на кое што беа презентирани дел од доказите од страна на тужителката, изјави денес адвокатот Панче Тошковски.

Mорам да потенцирам две работи кои што се битни за нас. Првата работа поради која што цениме дека тужбеното барање во целост е неосновано, е заштитата на членот 10 од Европската Конвенција за човекови права, слободи и права, односно потребата од почитување на правото за слободно изразување на мислата. Особено на критичката мисла која што е насочена кон работењето на државните органи и на власта во Република Македонија. Се поставува прашање што е побитно? Дали јавниот интерес, дали потребата граѓаните да бидат информирани, потребата на граѓаните на Република Македонија да можат да постават одредени прашања во саркастични и провокативна форма?, прашува тој.

Тој го спомена и членот 10 или заштита на приватна репутација на еден јавен фунцкионер.

И воедно заштитата на членот 10, или заштитата на приватната репутација на еден јавен функционер која што патем е платена од пари на граѓаните на Република Македонија, извршувајќи ја функцијата како што ја извршува обвинителката за организиран криминал, заклучи Тошковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.